Почина легендарниот светски шампион во мотоциклизам Убијали

Макфакс

02/06/2020

17:34

6.753

Големина на фонт

а а а

Деветкратниот мотоциклистички шампион, Карло Убијали, кој се натпреваруваше во првиот Светски шампионат во 1949, и потоа доминираше во 125сс и 250сс категориите починал на 90 години, објавуваат италијанските медиуми.

Убијали е третиот најуспешен италијански мотоциклист на сите времиња по Џакомо Агостини и Валентино Роси, и освои шест 125сс титули и три 250сс титули. Тој победи во 39 од 74 трки во кои учествуваше, најмногу на италијанскиот тим, МВ Агуста во ерата пред појавувањето на јапонските производители на мотоцикли. 

Со прекар „Лисица“, возачот од Бергамо исто така оствари пет победи на Ајл оф Мен ТТ трката. Тој се пензионираше во 1960 година. 

„Имав 10 години кога тој победуваше на секоја трка и сонував да бидам како него. Тој беше пример и инспирација за мене“, изјави 15-кратниот светски шампион, 77-годишниот Агостини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг