Ретро крој кој повторно ја освојува модната сцена: Во ова здолниште секоја жена изгледа како милион долари

Точка

01/06/2020

20:59

4.262

Големина на фонт

а а а

Иако летото сè уште не е почнато, ова парче облека се издвојува како главен фаворит. Модните експерти му предвидуваат голем успех и апсолутна доминација во наредните месеци.

Ако сте љубители на бохо стилот, ќе ве израдува веста дека здолништата со реси се враќаат на “голема врата” и уште еднаш ја освојуваат модната сцена. Доколку овој крој не се најде во вашиот гардеробер, не можете себеси да се наречете жена со стил, велат модните експерти. 

Првата асоцијација на ваквото здолниште е секако женственоста, а благодарение на кројот секоја дама ќе изгледа како милион долари. Тесното здолниште ги истакнува облините, а ресите создаваат вистинска магија додека чекорите – совршен детаљ кој ќе ја направи секоја фигура заводлива.

Во зависност од остатокот од аутфитот и начинот на кој го комбинирате, здолништето може да биде дел од лежерниот, но и од елегантниот стајлинг. Лесно се вклопува со патики, рамни сандали, но и високи потпетици. Кој и стил да го сакате, со здолништето со реси се можни сите опции – подолг, пократок или модел со средна должина, сите доаѓаат предвид.

Еве како познатите блогерки го носат ова впечатливо парче облека кое ќе ја одбележи летната сезона:




Спонзорирани линкови

Маркетинг