Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Министерството за здравство нема никаква контрола врз ситуацијата со коронавирусот и смета дека на надлежните воопшто не им се познати кластерите на заразени.
Партиската Комисија денеска вонредно заседаваше со оглед на новонастанатата состојба и бројката на новоинфицирани во последното деноноќие од 89 лица и седум починати.
Со оглед на големата бројка на новозаразени во 24 часа, Комисијата заклучи дека мора итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните.