ВМРО-ДПМНЕ: Кластерите на заразени воопшто не им се познати на надлежните

Макфакс

01/06/2020

20:51

1.375

Големина на фонт

а а а

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Министерството за здравство нема никаква контрола врз ситуацијата со коронавирусот и смета дека на надлежните воопшто не им се познати кластерите на заразени.

Партиската Комисија денеска вонредно заседаваше со оглед на новонастанатата состојба и бројката на новоинфицирани во последното деноноќие од 89 лица и седум починати.

Со оглед на големата бројка на новозаразени во 24 часа, Комисијата заклучи дека мора итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг