Објавено кога ќе се одржи погребот на Џорџ Флојд, полицаецот префрлен во максимално обезбеден затвор

Макфакс

01/06/2020

20:20

2.129

Големина на фонт

а а а

Погребот на Џорџ Флојд, по чија насилна смрт почнаа протести во САД, ќе биде в четврток.

Информацијата ја објави гувернерот на Минесота, Тим Волц.

„Тоа ќе биде важен настан за Минеаполис и Минесота, како и за нацијата. Тој процес на славење на животот, кој беше одземен пред нашите очи, е можност за издигнување и лидерство“, рече Волц.

Смртта на Афроамериканецот Флојд предизвика бран протести кога се појави видео на кое се гледа дека полициски службеник го соборува на земјата и го држи со коленото приклештено врз неговиот врат, и тоа осум минути, додека Флојд се жали дека не може да дише.

Полицаецот беше идентификуван како Дерек Човин од Минеаполис и во меѓувреме беше разрешен од службата и уапсен, а сега е пренесен во максимално обезбеден затвор до неговото прво појавување пред судот.

Тој е осомничен за убиство од трет степен и малтретирање, а според Би-би-си, ова е трет затвор во кој е префрлен по апсењето минатиот петок, како превенција од Ковид-19, но и поради очекуваното влијание на протестите во затворите.

Првото сослушување пред судот беше преместено од денес на 8 јуни, а на Човин му е изречена кауција од 500.000 американски долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг