На денешен ден е родена Мерилин Монро: Патела од депресија, била 3 пати во брак, а нејзината смрт и понатаму е мистерија

Точка

01/06/2020

19:45

2.975

Големина на фонт

а а а

Норма Џин Мортенсон, позната на сите како Мерилин Монро, е родена на денешен ден пред 94 години.

Најпозната е по филмовите “Some Like It Hot”, “Gentlemen Prefer Blondes”, “The Prince and the Showgirl”, “Monkey Business”, “How to Marry a Millionaire”. Врвот во нејзината кариера се смета филмот “Some Like it Hot”, за кој освоила и Златен глобус за најдобра актерка. 

Освен кариерата, Монро ја интригирала јавноста и со нејзиниот приватен живот, но и со својот атрактивен изглед. Нејзиниот стил на однесување, фризура или некои антологиски моменти како што е фустанот кој ѝ “полетал” во текот на фотографирањето и ден-денес се користи во светот на шоу бизнисот како лајт мотив ширум светот.


Поради проблемите со кои се соочувала нејзината мајка, Норма Џин го поминала своето детство во згрижувачки семејства. За првпат стапила во брак на 16 години. За време на Втората светска војна, работела во фабрика, кога за првпат ја забележал фотограф кој ѝ ја отворил вратата кон манекенската кариера. На 20 години одлучила да се разведе и го променила името во Мерилин Монро. Монро било моминското презиме на нејзината мајка, а Мерилин е средното име на нејзината баба.

Нејзината манекенска кариера напредувала – Монро се наоѓала на насловните страници на речиси сите списанија, меѓутоа таа сакала да биде актерка. Потпишала договор со “20th Century Fox” и на почетокот добивала мали, незнајачни улоги додека конечно не го привлекла вниманието на публиката со култниот филм “All About Eve”.

Мерилин била 3 пати во брак, иако ја поврзувале со многубројни мажи. Вториот брак ѝ бил со бејзбол ѕвездата Џо Димаџио, но бракот резултирал со развод бидејќи Џо не можел да се справи со нејзината слава. Многумина сметаат дека токму тој бил нејзината најголема љубов бидејќи Мерилин често барала утеха во неговите прегратки и по разводот. Третиот брак ѝ бил со драматургот Артур Милер во кој Монро забременила, но доживеала спонтан абортус и тоа многу влијаело врз неа. Нејзината депресија, анксиозност и зависност станувале сè посериозни и таа повторно се развела.


Починала на 36-годишна возраст. Мерилин била пронајдена мртва во нејзиниот стан на 5 август 1962 година. По опсежната истрага, полицијата утврдила дека актерката извршила самоубиство со земање на прекумерна доза на апчиња за спиење. Во врска со тоа се појавија бројни теории на заговор. Постојат индиции дека е убиена поради љубовна афера со американскиот претседател Џон Кенеди или намерно си го одзела животот, решавајќи да стави крај на разочарувањето во кариерата и љубовниот живот.

Пред нејзиниот живот требало повторно да се венча за Џо. Ожалостениот Џо Димаџио го организирал нејзиниот погреб и не повикал никого од Холивуд туку само најблиските роднини и пријатели.

“Тие само ја повредуваа Мерилин”, изјавил тогаш. Со години Џо носел цвеќе на нејзиниот гроб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг