Безобразно: Јутјубер милионер ги искористил протестите за кражба и вандализам?

Точка

01/06/2020

18:30

3.172

Големина на фонт

а а а

Видео-снимката која излезе во неделата го прикажува јутјуберот милионер, Џејк Пол, како уништува имот во еден трговски центар.

Пол, кој има 20 милиони следбеници на неговиот јутјуб канал и тоа го прави еден од најпознатите, но и најбогатите лица на таа платформа, рекол дека на почетокот на оваа недела протестирал против убиството на Џроџ Флојд во Минеаполис.

На снимката се гледа 23-годишниот јутјубер како носи маска и со својата екипа ја снима кражбата во трговскиот центар.

Пол, кој е познат по скандалозните постапки за да обезбеди што повеќе прегледи на својот канал, го негирал учеството во кражбата.

##https://twitter.com/TaylorLorenz/status/1267122926266077190?s=20##

„Да бидам целосно јасен, ниту јас, ниту било кој од нашата група не беше вклучен ниту во кражба, ниту во вандализам“, рекол Пол во изјава на Твитер. 

Додал дека полицијата го нападнала со солзавец.

„Не одобрувам насилство, кражби и кршење на законот. Меѓутоа, ја разбирам лутината и фрустрацијата која доведе до уништувањето на кое бевме сведоци, и иако тоа не одговор, важно е дека луѓето гледаат и заедно смислуваат како да напредуваат на здрав начин“, рекол Пол, пренесува „Гардијан“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг