Точка ТВ: Оаза Фајум – најдобро чуваната тајна на Египет, што се крие таму?

Точка

01/06/2020

23:14

8.193

Големина на фонт

а а а

Знаеме дека е тешко да замислиме пустина со магично езеро, каскаден водопад и долина во која што се наоѓаат древни скапоцености, но такво место постои.

Оаза Фајум - најдобриот дневен излет надвор од градот

Каиро, колку и да е убав и егзотичен град тој е бучен и често е преполн со луѓе.  

Оваа оаза го нуди потребниот мир, мешавина на пустина и зелена долина, совршена за едноставен излет или пак викенд доколку луѓето сакаат да го избегнат метежот од Каиро.

„Кога ќе се спомне Египет, луѓето прво помислуваат на песок, пирамиди и Црвено море. Не замислуваат дека таму некаде постои мала оаза каде што може да го пронајдат местото за медитација и релаксација“ - изјавил Федерико Корн, италијанскиот кинематограф кој што со години живее и работи во Каиро.


Wadi El Rayan

Wadi El Rayan, е национален парк кој што е под заштита на државата и се простира на површина од 700 квадратни километри, тој е првото место кое што ќе посакате да го видите кога ќе појдете во таа оаза.

Во него се наоѓа најголемиот природен водопад во Египет, кој што изгледа неверојатно сред пустината.

Wadi El Hitan

Тоа е палеонтолошки локалитет кој што е под заштита на „UNESCO“ од 2005-та година. Ова место е музеј на отворено и дава докази за најголемата мистерија во еволуцијата на китовите од копнени до океански животни.

На овој локалитет може да го најдете костурот на еден од најстарите облици на китови, но и костури од изумрени фосили, па не е ни чудно поради тоа што оваа област е позната како Долина на китовите.

Тоа е место кое што сведочи за чудесните суштества кои што живееле пред околу 40 милиони години, но и повеќе.


Магичното езеро

Во близина на водопадите и Долината на китови се наоѓа магичното, природно езеро кое што ја менува својата боја, во зависност од текот на денот и количината на сонце на кое што е изложено.

Најчесто е во смарагдно-зелена боја која што во спој со жолтеникавиот песок од пустината го дава најубавото зајдисонце на светот.

Тоа е можност да погледнете нереален, но вистинит спектакл.


Езеро Карун

Магичното езеро не е единственото езеро во оваа оаза, на работ на Либиската пустина.

Езерото Карун е многу поголемо и се простира на 233 квадратни километри, но е и попопуларно.

Се смета за најстарото античко езеро на светот и омилено место за набљудувачите на птиците.

Од огромна колонија на фламинга, до заштитен вид патки - претставува единствен екосистем во кој што живеат над 88 видови птици.


Селото Тунис

Во близина на Езерото Карун се наоѓа живописното село Тунис во кое што локалните уметници ги насликале ѕидовите со необични графити, со цел да се сочува идентитетот на селото.

Секако дека тоа претставува совршено место на кое што ќе ја завршите вашата посета на оваа плодна оаза. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk