10-годишно девојче за време на пандемијата испратило 1500 пакети за децата без родители

Точка

01/06/2020

16:19

1.676

Големина на фонт

а а а

Челси Фер, 10-годишно девојче од Конектикат, испратило повеќе од 1500 пакети за деца од домови за деца без родители.

Секој пакет содржел работен прибор: маркер, восочни боички, боенки, листови хартија, дрвени боички, фломастери... Девојчето ги испраќало пакетите во име на хуманитарната организација “Chelsea’s Charity” која ја основала заедно со своите родители. 

“Од својата седма година нè моли да основаме хуманитарна организација. Многу е упорна, на секои неколку месеци го повторуваше своето барање. Кога наполни 10 години повторно ја побара истата работа, па се одлучивме да се согласиме”, објаснила Кендис Фер, мајката на Челси, за “CNN”.

Организацијата “Chelsea’s Charity” е покрената во август 2019 година на нејзиниот роденден, а тогаш наместо подароци, Челси барала пријателите да ѝ донесат училишен прибор кој таа ќе го проследи во хуманитарни цели.

Оттогаш нејзината организација активно делува и сите донации кои ги добива од луѓето, ги проследува во домовите за деца без родители. Пред почетокот на пандемијата на коронавирусот, Челси често патувала до домовите со својата мајка со цел да ги запознае децата на кои им ги подарува приборите. Меѓутоа, сега се прилагодува на ситуацијата и ги испраќа сите пакети по пошта.


“Се чувствувам прекрасно кога гледам колку деца ги радува работниот прибор. Мислам дека станав многу позрела поради цело ова искуство, а мојот сон е да продолжам да се занимавам со ова, да ги запознаам сите деца на светот и на сите да им подарам прибор со кој можам да создавам уметност. Кој знае, ако ние го правиме тоа, а потоа и нашите деца... можеби ќе оствариме мир во светот!”, весело објаснило девојчето за “CNN”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг