Одвај дочекале: Иран ги повикал САД да прекинат да го убиваат својот народ

Точка

01/06/2020

15:25

915

Големина на фонт

а а а

Иранското министерство за надворешни работи се огласило по повод бранот на насилни демонстрации во САД по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

"Американски народе, светот го слуша вашиот плач поради опресијата. Светот е со вас", соопштило иранското министерство за надворешни работи и го повикало Вашингтон да прекине со насилствата над својот народ. 

"Американски власти и полиција: прекинете со насилствата над својот народ и пуштете ги да дишат", рекол портпаролот на министерството Абас Мусви, пренесува "AFP".

Стотици илјади луѓе протестираат ширум САД поради бруталното апсење на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој потоа починал.

Над вратот на Флојд цели девет минути со колено клечел полицаец, не обраќајќи внимание на неговите извици дека не може да диши.

Медиумите известуваат за бруталните судири меѓу демонстрантите и полицијата - од пукање на демонстрантите до газење на истите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг