На екс соиграч на Елмас од Фенер му се заканува ампутација на раката по незгодна повреда која ја доживеал возејќи…

Дерби

01/06/2020

14:10

1.259

Големина на фонт

а а а

Алжирскиот интернационалец и член на Дижон, Јасин Бензија се соочува со сериозни здравствени проблеми по тешката повреда која ја доживеал возејќи „баги“ во пустински предели.

25 годишниот офанзивец имал сообраќајна несреќа и тешко ја повредил раката, а според медиумите во Франција се соочува со ампутација на истата.

Со краток коментар, но без да прецизираат ништо се јавија и од неговиот сегашен клуб, Дижон.

– Бензија е опериран. Моментално нема никакви прогнози и чекаме да видиме што ќе биде, -изјави претседателот на клубот, Оливие Делкур.

Инаку Бензија освен за сегашниот клуб Дижон во кариерата настапуваше и за Лион, Лил, Фенербахче и Олимпијакос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг