На улиците во Америка се води војна: Во размена на оган полицијата уби демонстрант во Кентаки

Точка

01/06/2020

20:52

5.910

Големина на фонт

а а а

Најмалку едно лице загина за време на протестите кои избија поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата во Минеаполис.

Шефот на полицијата на Кентаки, Стив Конрад за американските медиуми изјави дека инцидентот се случил кога припадници на градската полиција и националната гарда биле повикани да растераат поголема група на луѓе собрани на паркинг пред маркет.

„Полицајците и војниците започнаа да го расчистуваат паркингот, а во еден момент кон нив беше пукано. И полицијата и војската возвратија на огнот, при што едно лице загина на местото на инцидентот“, изјави Конрад на конференцијата за медиумите.

Тој додаде дека полицијата го истражува инцидентот, се испрашуваат сведоци и се прибираат видео снимки од надзорните камери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг