Во хаосот во Њујорк уапсена и ќерката на градоначалникот: Кјара го блокирала сообраќајот во жариштето на судирот со полицијата

Точка

01/06/2020

14:22

1.994

Големина на фонт

а а а

Додека градоначалникот на Њујорк Бил Де Бласио повикува мирот да се врати на њујоршките улици на кои се прелеало насилството на протестите поради убиството на Џорџ Флојд, јавноста не ни знае дека градоначалникот за тоа има приватни причини.

Имено, ќерката на градоначалникот, Кјара де Блазио била уапсена на протестите на Менхетн, пренеле њујоршките медиумите откако њујоршката полиција ги прогласила собирите за илегални и повикала демонстрантите да се повлечат. 

Кјара била уапсена со лисици на рацете, на 12-тата улица во Бродвеј, кога го блокирала сообраќајот и одбивала да се помести од улицата.

Овој дел од градот инаку е прогласен за жариште на насилните демонстрации во кои избиле судири меѓу демонстрантите и полицијата, и каде биел запалени полициски возила.

При апсењето, Кјара не открила дека е ќерка на градоначалникот туку ја навела својата адреса на Апер Ист Сајд.

Се верува дека била уапсена еден час пред Де Блазио да одржи прес-конференција на која изразил благодарност за мирните протести, но дека е време луѓето да си заминат дома.

По апсењето добила налог за појавување пред суд и после тоа била пуштена дома, а градоначалникот уште не ги коментирал овие наводи.

Во Њујорк инаку веќе неколку дена се одржуваат протести поради бруталното убиство на Афроамериканецот Џорџ Флод при апсењето во Минеаполс, Минесота.

Поради протестите кои се прошириле низ САД, а кои прераснале во насилни расни протести, во многу градови била распоредена Национална гарда за да се врати редот на улиците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг