Ајкулата почнала да кружи околу нуркачот, а потоа тој забележал нешто на нејзиниот стомак...

Точка

01/06/2020

10:35

6.327

Големина на фонт

а а а

Многу од луѓето се плашат од ајкули, иако шансите да ги сретнат или пак да ги нападнат се еднакви на нула.

Сепак, поголемиот дел од луѓето ги почитуваат и им се восхитуваат, затоа навистина се прекрасни суштества.

Нуркачот Џошу Еклес, се сретнал со ајкула, но тој е професионалец. И голема е среќата што тоа се случило, затоа што благодарение на неговата храброст ѝ го спасил животот.

Додека нуркал, здогледал ајкула која што му се приближува. Не изгледало како да го напаѓа, туку како да сака да го привлече неговото внимание, како да му зборува: „Погледни во мене!“.

Во тој момент тој забележал кука на нејзиниот стомак. На снимката може да се види како тој ѝ ја вади куката, а ајкулата му се “заблагодарува“.

Таа отпливала од него, а потоа повторно му се приближила, како бескрајно да му се заблагодарува.

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг