ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски повикува на избори на 5 јули, во денови кога броиме и над 50 заразени

Макфакс

31/05/2020

14:10

951

Големина на фонт

а а а

Спасовски повикува на избори на 5 јули, во денови кога броиме и над 50 заразени, тоа значи дека тие се виновни за секој нов случај, реагира ВМРО-ДПМНЕ, откако техничкиот премиер, Оливер Спасовски денеска од Куманово кажа дека по сила на закон изборите ќе се одржат на 5 јули.

„Оливер Спасовски повика на избори на 5 јули во деновите кога се достигнува пикот на заразата со над 50тина заразени. Тоа значи дека Спасовски и Заев се директно одговорни за секој заразен и починат човек поради заразата со Ковид, затоа што тие нешто заштита на здравјето, паметот им е во фотелјите. Поголема зараза од Ковид, е заразата на лудилото наречено Заев-Спасовски кој ја втурнува државата во изборна кланица. Заев и Спасовски стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите. Во оваа држава приоритет број еден мора да биде здравјето на граѓаните“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Од партијата велат дека лошите резултати со кои се соочуваме денес, се последица на лошото менаџирање во текот на изминативе 3 месеци, Комисијата за заразни болести која работи под диктат на Заев и наместо да работат самостојно беа само извршител на диктатите и политички желби на Зоран Заев.

„Со СДСМ државата оди кон здравствена катастрофа. Потребна е итна стратегија за излез од хаосот во кој не втурна СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија“, наведуваат од опозициската партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг