Гасперини имал корона пред натпреварот со Валенсија: По победата пиевме шампањ, чувствував како да пијам…

Дерби

31/05/2020

13:05

3.255

Големина на фонт

а а а

Искусниот тренер на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини откри дека бил заразен со коронавирусот за натпреварот со Валенсија.

Бергамо беше еден од најпогодените италијански градови од коронавирусот. Натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија беше посочен како „темпирана бомба“ по кој вирусот дополнително се раширил во Бергамо.

Сега, Гасперини откри дека и тој бил заразен со вирусот и тоа за време на натпреварот против Валенсија кој се одигра на „Месталја“ на 10 март.

– Ден пред натпреварот со Валенсија се чувствував лошо. Уште полошо беше пред самиот натпрвевар. Ако ги видите сликите од средбата, воопшто не изгледав добро.

– Тоа беше 10 март, а две вечери подоцна не спиев добро. Немав температура, но се чувствував така.

– На секои две минути под мојот прозорец минуваа амбулантни возила. Беше како да сум во воена зона, па се запрашав што би се случило ако одам во болница. Се убедивав дека не можам да одам, -изјави Гасперини кој потоа призна дека го изгубил и чувството за вкус, една од главните симптоми на коронавирусот.

– Ден по победата над Валенсија прославувавме со шампањ. Јас имав чувство како да пијам вода. Целата храна ми беше како леб. Сепак, бидејќи немав други симптоми, не бев тестиран. Пред десет дена анализата на крвта потврди дека сум имал Ковид-19, -откри Гасперини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг