Поранешен англиски фудбалер го откри рецептот за успех на Ливерпул: Ќе имате загарантиран успех ако..

Дерби

31/05/2020

13:04

2.858

Големина на фонт

а а а

Поранешниот легендарен фудбалер на Ливерпул, Џон Барнс ја откри причината за успехот со кој игра неговиот поранешен тим последните години.

Според Барнс, Ливерпул сега ги збира плодовите на макотрпната неколкугодишна работа која се работела во клубот.

Барнс посочи дека Ливерпул ќе бележи успеси и во годините што доаѓаат затоа што од управата му дале доволно време на Клоп да си создаде тим по своја мерка.

Клоп на „Енфилд“ дојде во 2015 година, а по првите две полоши сезони, сега клубот бележи фантастични резултати со неверојатен начин на игра.

– Го испочитуваа рецептот за успех. Сер Алекс Фергусон доби време во Манчестер Јунајтед, имаше поддршка од управата и успеа да направи одличен тим. Челси истото го стори со Жозе Мурињо и стигна до трофеи.

– Клубовите ќе бидат успешни ако им дадат на своите менаџери вистински средства и доволно време да изградат тим. Исто така играчите мора да знаат дека тренерот е тој кој е главен. Клубовите во кои одлучуваат играчите не покажуваат добри резултати во континуитет. Затоа Ливерпул и Манчестер Сити се најдобри во Англија, и Клоп и Гвардиола се тие кои се прашуваат за се. Моќта не лежи во рацете на сопствениците и некои играчи, – изјави фудбалерот кој помина десет години од својата кариера на „Енфилд“.

Премиер лигата продолжува на 17 јуни, а на Ливерпул му се потребни само уште две победи во преостанатите девет кола за и математички да ја обезбеди титулата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг