Во Премиер лигата задоволно ги дочекаа резултатите од последните тестирања за коронавирусот

Дерби

31/05/2020

13:02

1.076

Големина на фонт

а а а

Изминатиов период беше одработена четвртата рунда од задолжителното тестирање на фудбалските работници од Премиер лигата.

По првите три рунди испитувања беа направени над 2.700 тестови, а од нив само 12 беа позитивни на коронавирусот.

Првото тестирање на кое беа тестирани 748 лица донесе шест позитивни случаи, на второто двајца беа позитивни од вкупно тестирани 996, додека на третото тестирање од 1008 тестирани лица, четворица беа позитивни.

Во четвртокот и петокот се одржа и четвртата серија тестирања во која вкупно беа тестирани 1130 лица и за голема радост на сите немаше ниту еден позитивен случај.

Полека, но сигурно станува јасно дека фудбалот во Премиер лигата би требало да се врати без посериозни проблеми.

Премиерлигашите веќе од понеделник ќе започнат со контакт тренинзи во цели групи откако на 27 мај едногласно одобрија сезоната да продолжи.

Натпреварите во Премиер лигата продолжуваат на 17 јуни, а веќе два дена подоцна на програмата ќе биде и редовното 30. коло од натпреварувањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг