Спортскиот директор на Интер го најави планот за Чилеанецот: Го видов Санчез од неговиот најдобар период

Дерби

31/05/2020

13:01

1.032

Големина на фонт

а а а

Се уште не е позната судбината на фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој во моментов настапува како позајмен играч во Интер, Алексис Санчез.

Неговиот договор за позајмица со италијанскиот тим истекува на 30 јуни, но речиси е сигурно дека тој ќе остане во клубот до крајот на оваа сезона која се очекува да биде некаде кон крајот на јули.

Дека Санчез веројатн ќе остане потврди и Пјеро Аусилио кој потоа истакна дека доколку играчот ги прикаже партиите кои се очекуваат од него сериозно ќе се размисли за тој перманентно да остане на „Џузепе Меаца“

– Сакаме да ги задржиме сите, вклучително и Алексис Санчез. Сметаме на него во следните месеци.

– Тој беше повреден одреден период, но играше добро на натпреварите против Барселона и Сампдорија. Го видов оној Санчез од неговиот најдобар период во Удине и Арсенал.

– Немаше многу време, но сега тој има шанса да ја покаже својата вредност, а потоа ние ќе донесеме конечна одлука околу него, -изјави Аусилио за „Скај Спортс Италија“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг