Америка гори: Трамп се заканува со распоредување на војската на улиците, се огласи и Бајден

Точка

31/05/2020

12:38

7.768

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државите и градовите мора да бидат „многу построги“ кон протестите против полицијата, во спротивно ќе се вклучи сојузната влада и ќе биде активирана војската.

„Либералните гувернери и градоначалници мораат да бидат построги, во спротивно ќе се вклучи сојузната влада и ќе го стори тоа што мора да се стори. Тоа вклучува и користење на неограничената моќ на нашата војска и многу апсења“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

Од Пентагон во текот на вчерашниот ден соопштија дека на воените единици им било соопштено да ја подигнат готовноста и да бидат целосно подготвени да одговорат на повикот да излезат на улиците ако гувернерот на Минесота го побара тоа од нив.


Не пропуштајте: Полицијата во Бруклин ги гази демонстрантите: Бесната толпа ги нападна, па полицајците само додадоа гас...

Таков краток рок од 4 часа за потенцијално вклучување на војската обично се воведува во случај на природни катастрофи.

„Засега гувернерот на Минесота нема побарано поддршка од вооружените сили за Националната гарда во Минесота или полицијата“, соопштија од Пентагон.

Американскиот државен обвинител Вилијам Бар изјави дека „радикалите и агитаторите од надвор“ ги извадиле од контрола протестите во американските градови кои инаку избија поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен при апсење од страна на полицијата во Минеаполис.

„Групи на наворешни радикали и агитатори ја користат ситуацијата за да ја спроведат својата насилна агенда. Сојузно злосторство е да се преминат државните граници или да се користат меѓудржавни структури поради иницирање или учествување на насилни протести, а ние ќе ги спроведуваме тие закони“, се закани Бар.

Во меѓувреме се огласи и кандидатот на Демократите во трката за Белата куќа, Џо Бајден кој го осуди насилството кое изби во повеќе градови ширум Соединетите Американски Држави, но и нагласи дека Американците имаат право да протестираат против полициската бруталност.

„Протестите против таквата бруталност се право и потреба на луѓето. Тоа е американска реакција. Но, палењето во градовите и големото насилство не, како и насилството кое ги доведува во опасност човечките животи“, изјави Бајден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг