Извади лак и стрела и нишанеше кон демонстрантите: Веднаш брутално го претепаа и го уништија неговиот автомобил

Точка

31/05/2020

11:56

10.015

Големина на фонт

а а а

Ширум САД избија насилни протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој при апсење беше убиен од страна на полицаец.

За време на протестите во Солт Лејк Сити, еден маж од автомобилот извади лак и стрела сакајќи да се пресмета со демонстрантите. Се започна кога демонстрантите блокираа една од улиците во градот, па започна расправија со лицето кое набрзо потоа ги извади лакот и стрелата извикувајќи: „Сите животи се важни“.

Тој започна да нишани кон демонстрантите, но тие веднаш го совладаа, при што го претепаа и го уништија неговиот автомобил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг