Вчера успешно беше лансирана во вселената ракетата „Фалкон 9“, во која беа и двајца астронаути на НАСА. Странува збор за ракета на компанијата SpaceX на Илон Маск.
По 13 минути од лансирањето капсулата се одвои па ракетата. Ова е прв пат Американците да лансираат во вселената комерцијални вселенски летала, во сопственост на приватни компании.
Астронаутите Даг Харли и Боб Бенкен ќе патуваат до Меѓународната вселенска станица 19 часа. За Маск, ова е уште еден огромен успех на неговите ракети со кои тој сака да ги направи летовите поевтини и почести.