„Вирусот е измама, гладни сме, оставете нè да умреме“ - стотина луѓе протестираат во Италија, властите во неверување

Точка

30/05/2020

20:19

6.670

Големина на фонт

а а а

Стотина луѓе денеска се собрале во Рим на ненајавен протест поради рестриктивните мерки во Италија (најдолги во Европа), за да укажат на проблемите на луѓето кои се соочуваат со економски последици поради блокадата.

Учесниците на протестот кои во главниот град на Италија се собрале после договор на социјалните мрежи, извикувале дека 'вирусот Ковид-19 е измама смислена за предизвикување криза', дека 'има луѓе кои четири месеци не примиле плата' и дека се гладни.


„Овде има луѓе кои немаат што да јадат. Оставете нè да умреме“, рекла една жена со потекло од Бергама.

Полицијата интервенирала за да го спречи нивното натамошно движење низ улиците, пренесуваат италијанските медиуми.

„Ќе останеме овде, ќе го окупираме Плоштадот Венеција (во Рим) и ќе поставиме шатори. Владата нè изневери“, рекол еден од демонстрантите на разглас. 

##https://twitter.com/ThatsLrrr/status/1266692165150875649?s=20##

Вирусот Ковид-19 однесе повеќе од 33.000 животи во Италија и предизвикал блокада од која Италија излегува со постепено олабавување на рестриктивните мерки.

Италија е прва земја во Европа која на почетокот на март воведе строги мерки за карантин на цела територија, а како што е најавено, на 3-ти јуни ќе ги отвори регионалните граници, но и државните за доаѓање од земјите во Шенген зоната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг