"Антируските санкции делумно доведоа до тоа Русија да стане посамостојна во некои области и да не зависи од увезени производи", изјавил поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.
"Интересно е дека санкциите делумно доведоа до тоа, на пример, Русија да стане самостојна во земјоделскиот сектор и да помалку да зависи од увезени производи, што на германската месна индустрија и на останатите не им се допадна многу. Ова се забележува и кога станува збор за други индустрии", објаснил Шредер.
Анализирајќи ја економската соработка на Русија и Германија, тој истакнал дека земјите се важни трговски партнери. Според неговите зборови, во иднина акцентот треба да биде на соработка не само на големите компании, туку и во индустриските субјекти од мал и среден бизнис.
"По мое мислење, фактот дека околу 5.000 германски компании од мал и среден бизнис работат на рускиот пазар зборува за вистинска насока. Во споредба со соработката во енергетската сфера, која останува неопходна, двете страни тоа треба да го имаат и тоа во предвид", додал Шредер.
Тој истакнал и дека концернот "Росњефт" со три рафинерии е важен играч на нафтениот пазар во Германија.
Претходно руските власти соопштиле за придобивките од активната политика на санкции од САД против гасоводот Северен тек 2. Тоа се гледа и во стравовите на Вашингтон дека Москва може да го заврши проектот и покрај ограничувањата и санкциите.
Крим станал дел од Русија во 2014-та година, по референдумот одржан по државниот удар во Украина. Официјален Киев и натаму го смета Крим за своја, но привремено окупирана територија.
Западните земји поради политичката криза во Украина и руската анексија на Крим започнале со антируски санкции. Москва возвратила со слични мерки, вовела политика на замена на увозот и повеќе пати соопштувала дека не е учесник во судирите во Украина, ниту предмет на Минскиот договор, и дека да се разговара со неа со јазикот на санкциите е контрапродуктивно.
Во последно време земјите од ЕУ се се погласни во мислењата дека е потребно да се укинат антирусите ограничувања.
Шредер повеќе пати ги критикувал антируските санкции, истакнувајќи дека соработката со Русија е посебно неопходна во моменталната економска ситуација, настаната поради пандемијата на коронавирусот.