Кралот на високите потпетици порачува: Ова е единствениот модел на сандали кој ви е потребен ова лето!

Точка

30/05/2020

15:18

5.690

Големина на фонт

а а а

Маноло Бланик, некрунисаниот крал на високите потпетици и славен дизајнер порачува кој е ултимативниот модел на сандали за ова лето.

Тој е човек чие име во модниот свет се изговара со голема почит и чии чевли претставуваат ултимативен знак на престиж. Речиси и да не постои ѕвезда и јавна личност која во својот гардеробер нема барем неколку пара негови чевли кои чинат од 500 па сè до неколку илјади долари. 

Омилениот дизајнер на Кери Бредшо од “Сексот и градот”, се огласил за најновиот тренд за лето 2020 година, кога станува збор за чевлите.

Според неговите зборови, доколку планирате да купите само еден пар високи потпетици за ова лето – тоа мора да биде овој модел.

“Ако планирате да купите еден пар високи потпетици, предлагам тоа да бидат “голи” сандали со потпетица од 7 центиметри, лесни како пердув и сосема отворени”, изјавил дизајнерот за “Travel and Leisure”.

Ваквиот модел одлично се комбинира и со елегантен вечерен стајлинг, но и со фармерки и бела кошула, односно добро искомбиирана дневна спортска елеганција. Што се однесува до изборот на бои, дизајнерот тврди дека никогаш нема да погрешите со црните и белите модели бидејќи се вклопуваат со речиси секој аутфит. Но, доколку планирате да купите повеќе пара – предлозите се модел во црвена, бордо, лаванда, кралско сина боја...

Што се однесува до купувањето на обувки, Маноло вели: “Во ормарот е добро да имате едни добри рамни чевли, неколку едноставни салонки и секако, едни чевли со висока потпетица”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг