Оваа европска земја е пред економски колапс: Бројките се застрашувачки, дали ќе избијат немири?

Точка

30/05/2020

15:16

7.479

Големина на фонт

а а а

Ова е најголемиот квартален пад на Франција од 1968-та година, кога земјата ја зафатиjа граѓанските немири.

Францускиот БДП во првото тримесечје од 2020-та година опадна за 5.3 отсто во однос на претходниот квартал, поради затвoрањето на економијата предизвикано од епидемијата коронавирус, покажале денешните податоци на државната агенција за статистика „INSEE“.

Овој показател е помал во однос на прелиминарните податоци на „INSEE“, кога било проценето дека падот на бруто домашниот производ во првите три месеци изнесувал 5.8 проценти, пренесуваат од „Ројтерс“.


Без оглед на тоа, ова е најголемиот квартален пад на Франција од 1968-та година, кога во земјата владееја граѓанските немири, масовни протести на студентите и генерални штрајкови, пренесува британската агенција.

Бидејќи во последното тримесечје од минатата година, француската економија е намалена за 0.1 отсто, тоа значи дека земјата влезе во техничка рецесија, која што по дефиниција настапува со падот на БДП, во два последователни квартали.

Економската активност во Франција, по ригорозните мерки на карантинот чие ублажување започна на 11-ти мај е во значителен пад, а  „INSEE“ порачува дека падот во второто тримесечје би можел да достигне дури 20 отсто.




Спонзорирани линкови

Маркетинг