Беџети: Носете маски и избегнувајте фамилијарни и пријателски собири

Макфакс

30/05/2020

14:18

1.111

Големина на фонт

а а а

Општина Сарај досега има забележано вкупно 41 лице заразено со вирусот Ковид – 19 и заразените се од повеќе населени места во општината, изјави градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.

„Тука сум пред Вас да Ви укажам дека непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи долготрајни последици кои ќему наштетат на целото општество. Јас сум во постојан контакт со централните и локалните институции како и со експертите и затоа, како локална самоуправа, но и како граѓани сме потполно на располагање на сите напори за да се надмине ова пандемија што побрзо . Ова борба не може да се надмине без учеството и одговорностите на сите нас. Овој вирус не е шега и ова го докажуваме секојдневно. Што побргу ја прифаќаме новата реалност и ја зголемиме заштитата кон нашето здравје, толку побргу може да се вратиме во нормалност“, рече Беџети.

Тој апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакви фамилијарни и пријателски собири и да одржуваат лична хигиена на ниво. 

Само почитувањето на мерките за заштита, рече Беџети, спречува проширување и ги поштедува членовите на нашите семејства и нашето општество. 

Тој ги повика надлежните за јавното здравје да го зголемат бројот на тестирања во општините и на тој начин што побрзо и поточно да се идентификуваат заразените на кои треба да им се помогне, но и да се спречи понатамошното проширување на вирусот. 

„Само со тестирање, со повеќе од 700 тестирања на ден, можеме да дознаеме колку лица се заразени и каде се жариштата на заразените“, рече Беџети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг