Хаос во Детроит: Непознат маж отвори оган кон демонстрантите, најмалку едно лице е убиено

Точка

30/05/2020

14:40

3.051

Големина на фонт

а а а

Гневните протести се шират низ САД, а во се поголем број на градови ситуацијата наликува на Минеаполис каде што изби револтот против полициската бруталност.

Според последните информации, ситуацијата е крајно тензична и во Детроит каде што за време на протестите дошло и до пукање, при што најмалку едно лице е убиено.

Портпаролот на полицијата во Детроит откри дека непознато лице отворило оган кон демонстрантите од својот автомобил, при што загинало 19-годишно лице. Засега нема повеќе податоци околу напаѓачот, ниту за бројот на ранетите во вооружениот напад.

Ситуацијата во Детроит се влошува од час во час, а тоа важи и за другите градови ширум Соединетите Американски Држави. Засега Националната гарда е ангажирана во две американски сојузни држави – во Минесота и Џорџија.

Да потсетиме, насилните протести ширум земјата избија откако минатиот понеделник од страна на полицијата, за време на приведувањето беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд од Минеаполис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг