Видео: Претседателот Пендаровски прогласи нова вонредна состојба, во времетраење од 14 дена

Точка

30/05/2020

13:44

7.113

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски објави дека ќе потпише нови 14 дена вонредна состојба почнувајќи од утре.

Претседателот Стево Пендаровски, по состанокот со Советот за безбедност одлучи да прогласи нова вонредна состојба, почнувајќи од утре. 

„Точно е дека во најголемиот дел од општините ситуацијата е стабилна, но за неколку општини постои сериозна загриженост. Со оглед на последните трендови, премиерот Спасовски предложи барање за дополнителни 14 денови вонредна состојба. Имајќи го предвид последниот развој на настаните, ќе донесам одлука за нови 14 денови вонредна состојба. Ова нема никаква корелација со датумот за парламентарните избори“ – изјави Пендаровски. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг