Канцеларката Меркел го одби повикот на Трамп: Не благодарам, пандемијата и натаму трае...

Точка

30/05/2020

14:15

2.620

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел не го прифати повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за одржување на самитот на Г7 „со оглед на севкупната ситуација поради пандемијата“.

„Канцеларката му се заблагодарува на претседателот Трамп за повикот на самитот на Г7 во Вашингтон кон крајот на јуни. Денес, со оглед на севкупната ситуација поради пандемијата, не може да вети дека лично ќе присуствува во Вашингтон“, изјави портпаролот на германската влада.

Трамп ја организираше средбата во Камп Дејвид откако претходно во текот на овој месец изјави дека попрво сака да има лична средба, отколку телекомуникациска седница.


Американскиот претседател првобитно самитот планираше да го организира на својот голф резорт на Флорида, но после низата на критики одлучи да го промени местото на средба и тоа да биде Камп Дејвид во близина на Вашингтон.

Таму треба да се сретнат првите луѓе на останатите шест најразвиени земји на светот – САД, Велика Британија, Канада, Франција, Јапонија и Италија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг