Трамп: „САД ги прекинуваат сите врски со СЗО!“

Точка

29/05/2020

21:46

1.913

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на прес-конференција во Белата куќа објавил дека САД ги прекинуваат сите врски со СЗО.

Тој соопштил дека САД се одлучиле на овој потег затоа што веруваат дека СЗО е премногу блиска со Кина и имала лош пристап во управувањето со пандемијата на коронавирусот.

Трамп додал дека сите средства што САД досега ги издвојувале за СЗО сега ќе бидат пренасочени за други организации.

„Кина го прекриваше коронавирусот и овозможи да се прошири низ целиот свет“, рекол Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг