Температурата на возухот во Сплит речиси е летна, морето е скоро 20 степени целзиусови, а туристите срамежливо доаѓаат во градот.
На аеродромот повторно слетуваат авиони од Франкфурт и Штутгарт, а Сплитчани се надеваат дека јуни ќе биде малку попрометен со туристи.
На сплитското западно крајбрежје, едно од најатрактивните локации во градот, почнале да доаѓаат првите јахти, иако терасите на кафулињата се далеку од полни.
Цените можеби ќе ве изненадат.
Големо кафе со млеко овде ќе испиете за само 80 денари, колку што чини и во повеќето локали во Сплит, како и во внатрешноста на Хрватска.