Родено е целосно црно, поради ретка состојба побелело: Ова куче ги освојува социјалните мрежи

Точка

29/05/2020

20:00

2.162

Големина на фонт

а а а

Лабрадор ретривер по име Блејз е популарен на социјалните мрежи поради необичниот изглед.

Ова куче доаѓа од Финска, има 10 години и е родено со целосно црно крзно. Овде, на третата фотографија, може да видите како изгледало порано.

Меѓутоа, со текот на времето добило витилиго, ретка состојба која може да се најде и кај луѓето, а се рефлектира со бели дамки на телото. Минатата година, неговиот сопственик Сантери Фриландер забележал дека на лицето на Бејз се формирала мала бела дамка.

Витилигото не е опасно, туку само значи дека кожата го загубила својот вообичаен пигмент.

„Блејз е многу енергичен и весел. Секогаш е подготвен да ме следи било каде, дури сака и да се вози во автомобил. Интересно е тоа што сите негови роднини, браќа и сестри, останаа со сосема црно крзно“, рекол за „Bored Panda“, неговиот сопственик.

Блејз на Инстаграм има речиси 10.000 следбеници, додека тој број на ТикТок е близу 15.000. Тоа не е воопшто наивно за едно куче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг