Сигурно сте виделе оштетен автомобил како вози по нашите патишта, но ретко кој видел вакво нешто.
Постојат многу теории околу тоа дали Toyota Hilux е навистина толку издржлив автомобил, а често тема на разговор е емисијата на Top Gear за овој автомобил.
Како што на Top Gear се обидоа да уништат Toyota Hilux, некој токму така уништен автомобил возеше на улиците. На YouTube е објавено видео за кое се тврди дека е снимено на Тајланд, а на видеото може да се види како човек нормално вози практично целосно уништен Toyota Hilux.