Само во текот на последните 24 часа во Русија се забележани 232 смртни случаи што е рекорд од почетокот на пандемијата на коронавирусот во оваа земја.
Со тоа, вкупната бројка на починати како последица на Ковид-19 во Русија се искачи на 4,374 што е и натаму значително помал број од останатите најпогодени земји во светот, но сепак е бројка која предизвикува загриженост кај властите од Москва.
Бројот на заразени не опаѓа драстично – досега на територијата на Руската Федерација се регистрирани вкупно 387,623 заразени и со тоа оваа земја е на третото место на светот.
Кога станува збор за Русија, иако процентот на смртност е мал, загрижувачко е тоа што бројката на починати секој ден се зголемува за разлика од останатите земји кои се најпогодени од пандемијата на коронавирусот. Бројот на новозаразени во оваа земја исто така и натаму е висок.
Руските власти тврдат дека најтешкиот период поминал, очигледно мислејќи на бројот на дневно новозаразени. Таа бројка бележи благ пад од околу 11 илјади, на околу 8 илјади новозаразени дневно во последните неколку денови.