„Ме нарекуваа дебела, мало прасенце, па користев и дрога за да ослабнам“ - Анастазија поради преголемите гради во детството поминала низ вистински пекол

Точка

29/05/2020

17:59

4.475

Големина на фонт

а а а

Анастазија Бертијер од Москва открила дека нејзините гради секојдневно ѝ создаваат проблеми, како со тежината, така и со навредувања и негативни коментари со кои се соочува на социјалните мрежи и на улица.

Тврди дека злоставувањето започнало едно лето кога нејзините гради енормно пораснале, пренесува „Mirror“.

Злоставувањето започнало во 2006-та година, кога градите ѝ пораснале од големина А во големина Е. Иако нејзините врсници во средно училиште обрнувале повеќе внимание на нејзиниот изглед, повеќето биле во негативен контекст. Еден ден едно момче раширило приказна дека имала секс со него, иако била невина. Сето тоа допринело за нејзината анксиозност.

Со текот на времето нејзините гради сè повеќе растеле, сè до големината 34 КК, а тоа предизвикувало големо внимание. Нејзината самодоверба се нарушила во последните 10 години, сè додека на улица не ѝ пришол еден фотограф, кој ја охрабрил да стане модел. Ѝ се допаднало да позира во долна облека и сфатила дека може да биде задоволна со своето тело и со таквиот изглед.

„Кога имав 10 години, почнав нагло да добивам килограми, па семејството и другарите од училиште ме навредуваа. Ме нарекуваа дебела, мало прасенце и тогаш започнаа моите комплекси со тежината. Почнав со диета на најесктремен начин. Не можев да изгубам килограми, па почнав да користам забранети таблети и дрога, за да имам нормална тежина“, раскажала Анастазија.

Сето тоа дополнително се влошило кога едно лето ѝ пораснале градите и злоставувањето само станало уште подраматично.

„Најлошо беше кога ширеа лажни приказни за мојот сексуален живот. Сега знам дека тоа биле само нивни фантазии, но како тинејџерка ноќите ги поминував во солзи. Ми требаше многу време за да го прифатам својот изглед“, рекла таа.

Открила дека во Русија постојат одредени стереотипи, како оној дека жената е убава само кога има тесен струк, но сфатила дека секој маж има свој вкус и дека е посакувана и убава токму таква каква што е. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг