ДУИ: Здравјето на прво место, почитувајте ги мерките за заштита

Макфакс

29/05/2020

17:54

893

Големина на фонт

а а а

Сите заедно тежнееме кон што побрзо враќање во нормала и да ја спасиме и зајакнеме нашата економија, но секое враќање во секојдневната рутина задолжително треба да се проследи со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

„Непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи долготрајни последици, кои ќе му наштетат на целото општество.

Затоа, централниот изборен штаб на ДУИ, во согласност со новите околности и предвидувања за следните недели, ќе реализира интензивни консултации со институциите и експертите и своите процени и одлуки ќе ги преземе во согласност со препораките на експертите, кои не смеат да бидат под политичко влијание, туку треба да се однесуваат одговорно кон јавното здравје.

ДУИ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакво собири и да одржуваат лична хигиена на ниво“, соопшти Ахмети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг