Соседите им завртија грб: Данска и Норвешка не сакаат да ги отворат границите за Швеѓаните...

Точка

29/05/2020

19:10

2.468

Големина на фонт

а а а

Скандинавските земји започнаа со олабавувањето на мерките, но Данска и Норвешка не сакаат да ги отворат границите со Шведска, ниту пак да ги примат нивните државјани.

Властите на Данска и Норвешка денес соопштија дека најголемиот дел од рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот ќе бидат укинати до 15-ти јуни. Тие соопштија дека граѓаните на двете земји ќе можат непречено да патуваат од една во друга држава, а се отвораат и границите за Германија и Исланд.

Меѓутоа, државјаните на Шведска уште некое време нема да можат да влезат во овие две земји, а официјални Копенхаген и Осло велат дека одлуката е таква затоа што земјите имале различни ставови кога станува збор за одговорот на пандемијата на Ковид-19.


Шведска денес регистрираше 84 смртни случаи од коронавирус, со што вкупната бројка се искачи на 4,350, што е дури четири пати повеќе од сите останати нордиски земји заедно.

Да потсетиме, шведските власти одлучија да не воведуваат строги рестриктивни мерки со цел да се изгради колективен имунитет за населението, а тоа резултираше со значително повисоки бројки на заразени и починати, односно највисоки во регионот.


Шведските власти уште претходно изјавија дека одлуката на Данска и Норвешка да не ги отвораат границите со Шведска е повеќе политичка и нема некаква „здравствена основа“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг