Заработувале на наивните: Продавале уред за заштита од 5G мрежа, а исраќале УСБ стикови од 128 мегабајти

Точка

29/05/2020

17:36

2.767

Големина на фонт

а а а

Теориите на заговор во врска со негативните влијанија на 5G мрежата стануваат сè попопуларни на социјалните мрежи, а измамниците сега сакаат да ја искористат приликата и да заработат на лесноверноста и паранојата кај луѓето.

Компанијата “BioShield Distribution” лансирала нов уред за кој тврди дека може да ги заштити корисниците од штетните влијанија на 5G мрежата поради својата “технологија на квантен холографски катализатор”.

Неодамна тој магичен уред “5GBioShield USB Key” започнал да се продава во Велика Британија по цена од 348 долари, а неговите креатори тврдат дека може да го заштити целиот дом од 5G.

Меѓутоа, тестирањето на овој производ покажало дека уредот е всушност само евтин УСБ стик со налепница, и тоа оној од 128 мегабајти, кој не обезбедува заштита од било каква опасност, реална или измислена.

“‘5GBioShield USB Key’ е резултат на неколку децении истражувања во повеќе земји. Активниот пречник на клучот целосно го штити и хармонизира семејниот дом”, пишува на веб-страницата на компанијата.

И покрај фактот што биле правени опсежни истражувања на негативните ефекти на 5G мрежата, па дури и Светската здравствена организација вели дека технологијата е безбедна, кампањите за борба против 5G веруваат дека мрежите на новите генерации можат да предизвикаат низа здравствени проблеми. Некои и ја поврзуваат 5G технологијата со ширењето на коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг