Сорос за "La Repubblica": Кина е опасност

Точка

29/05/2020

17:25

1.349

Големина на фонт

а а а

На прашањето дали корона-кризата може да ја забрза новата Студена војна меѓу Кина и САД, тој смета дека односот меѓу тие две земји е многу комплексен.

"Кина претставува опасност по ЕУ и ја предупредувам Унијата дека на тој начин се изложува на уцени и условувања. Кинескиот претседател Кси Џинпинг е диктатор, но ЕУ и нејзиниот индустриски амбиент ја гледаат Кина како економски партнер без да земат во предвид дека ако европската инфраструктура почне да зависи од технологијата од Пекинг, ќе се изложи на уцени и условување", гласи пораката која ја праќа Сорос во интервјуто за "La Repubblica".    

Сорос е претставен како финансиер и филантроп, кој се наоѓа на чело на мрежа од меѓународни Фондации кои промовираат правда и независни медиуми.

На прашањето дали корона-кризата може да ја забрза новата Студена војна меѓу Кина и САД, тој смета дека односот меѓу тие две земји е многу комплексен, бидејќи од една страна треба да соработуваат на прашањето за климатските промени и во потрагата за вакцина за Ковид-19, а од друга страна не може да работат заедно ако постои конкурентност за тоа кој прв ќе дојде до вакцината, "а фактот дека тоа се два различни системи, демократија и автократија, ја прави работата уште потешка".

"Многумина сметаат дека треба тесно да се соработува со Кина, а јас не се согласувам со тоа", заклучил Сорос.

Тој смета дека Западот треба да го брани својот демократски систем, но вели дека треба да се соработува по прашањето за климатските промени и коронавирусот и дека тоа нема да биде лесно. Нагласувајќи дека тој лично е солидарен со кинескиот народ кој живее под доминацијата на Кси Џинпинг, тој сепак подвлекува дека Кина претставува закана бидејќи лидерот и е диктатор кој консолидирал режим базиран на принципи сосема спротивни од тие на ЕУ, но дека тоа уште не им е јасно на земјите од ЕУ, ниту на индустриските амбиенти, посебно во Германија, која ја гледа Кина како економски партнер и не зема во предвид дека на тој начин е изложена на уцени.

На прашањето дали по Брегзит е можно излегување и на Италија од Унијата, тој рекол дека е "важно да се избегне другите држави да одат по тој пат, а Италија е на врвот на неговата загриженост".




Спонзорирани линкови

Маркетинг