Тврдел дека не јадел ниту пиел цели 80 години: Никогаш не бил виден со храна, починал од старост

Точка

29/05/2020

16:40

3.128

Големина на фонт

а а а

Индиецот Прахлад Јани бил предмет и на медицински истражувања.

Индиецот кој тврдел дека 80 години не јадел ниту пиел, а бил предмет на медицински истражувања и сомнежи, починал на 90 години, објавил неговиот сосед, пренесуваат медиумите. 

Прахлад Јани, аскет со долга брада и прстен на носот, се родил во селото Чарада во сојузната држава Гуџарат, и тврдел дека престанал да пие вода кога имал 11 години.

"Почина во вторникот наутро од старост во својот дом", рекол за агенцијата "AFP" неговиот сосед.

"Беше одведен во болница по полноќ, но дежурниот лекар го прогласи за починат", рекол соседот.

Јани тврдел дека во детството го благословила божица и му доделила посебни моќи.

"Примам еликсир на животот преку дупчињата во моето непце, што ми овозможува да живеам без храна и вода", тврдел тој за агенцијата "France Presse" уште пред 2003-та година.

Невозможно е да се провери дали Индиецот консумирал храна и вода во текот на тие децении.

Според лекарите, невозможно е човековото тело да пости толку долго време.

Со својот аскетизам успеал да основа мала заедница на верници, а го привлекол и вниманието на научниците. Индиски медицински екипи го испитувале на два наврати во 2003-та и во 2010-та година.

Во текот на второто истражување бил постојано под надзор со камера која покажала дека издржал без храна и вода две недели, и дека во тој период не вршел ни мала ни голема нужда.

"Тој феномен останува тајна", рекол еден од лекарите од групата која го прегледувала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг