Грчкото министерство за туризам, пред неколку часа објави листа на држави за чии граѓани границите ќе бидат отворени од 15-ти јуни и чии летови ќе можат да слетаат на аеродромите во Атина и Солун.
- Албанија;
- Австралија;
- Австрија;
- Бугарија;
- Чешка;
- Кина;
- Хрватска;
- Кипар;
- Данска;
- Естонија;
- Германија;
- Унгарија;
- Израел;
- Јапонија;
- Летонија;
- Либан;
- Литванија;
- Малта;
- Црна Гора;
- Нов Зеланд;
- Македонија;
- Норвешка;
- Романија;
- Србија;
- Словачка;
- Јужна Кореја;
- Швајцарија и
- Финска.
Листата е направена врз основа на епидемиолошкиот профил на земјите од кои што доаѓаат туристите и нивните податоци поврзани со коронавирусот.
„Ќе биде направено и тестирање на некои од посетителите од тие земји. Сегашните правила продолжуваат да се применуваат кон сите останати држави. Листата ќе биде проширена на 1-ви јули“ – било соопштено.