“We Are One”: Започна најголемиот онлајн филмски фестивал на кој ќе бидат прикажани стотина филмови

Точка

29/05/2020

16:07

2.256

Големина на фонт

а а а

Поради пандемијата на коронавирусот, сите водечки светски фестивали оваа година се обединија и го најавија заедничкиот филмски фестивал “We Are One”.

Кан, Берлин, Венеција и останатите познати светски фестивали ги здружија своите сили, со што публиката ќе има можност да ги проследи филмовите и филмските уметници онлајн. 

Фестивалот кој ќе се одржи преку Јутјуб каналот “WeAreOne” во текот на 10 дена бесплатно ќе прикажува филмови по избор на 20 светски филмски фестивали. Нивната порака е дека уметниците и креаторите во пресудни моменти можат да го обединат светот и да ги поврзат луѓето.

Прикажувањето на филмовите започнува денеска, а ќе трае до 7 јуни. Во текот на фестивалот ќе се прикажат повеќе од 100 филмови, вклучувајќи 13 светски и 31 интернет премиери.

Влијанието на филмските фестивали е огромно. Еден од доказите е и филмот “Parasite” кој минатиот мај ја освои главната награда на филмскиот фестивал во Кан, а истата го донесе до освојување на Оскар 9 месеци подоцна.

Филмовите кои не треба да ги пропуштите се: “Rudeboy: The Story of Trojan Records”, “The Brat”, “Ricky Powell: The Individualist”, “Bilby” и “Sisterhood”.

Целата листа на филмови можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг