Мртов кит од 12 метри на брегот на Есекс: Морето го исфрлило неговото тело, полицијата апелира до граѓаните да не се доближуваат

Точка

29/05/2020

13:52

1.486

Големина на фонт

а а а

Полицијата во округот Есекс на југоистокот на Англија објавила дека морето исфрлило тело на мртов кит со должина од повеќе од 12 метри на брегот кај градот Клактон.

Полицијата апелирала до граѓаните да не се доближуваат на тоа место поради интервенцијата која е во тек и поради опасноста од зарази. 

"Моментално се обидуваме во соработка со спасувачите и организациите за заштита на животната средина да направиме план да го отстраниме телото на угинатото животно", се наведува во соопштението на локалната полиција.

Ваквите случаи не се реткост, и според оценката на експертите укажуваат дека морскиот свет во британските води на некој начин е загрозен.

Лешот на мртвиот кит на брегот кај Клактон претставува закана по здравјето на луѓето бидејќи може да расее бактерии опасни по живот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг