Далечниот исток на раб на војна: Кинескиот генерал јавно упати закана – ако нема друг начин, ќе ги нападнеме!

Точка

29/05/2020

12:07

3.144

Големина на фонт

а а а

Кина ќе го напапдне Тајван доколку нема друг начин за спречување на независноста на државата, предупреди денес еден од највлијателните кинески генерали, што претставува вербална ескалација кон демократскиот остров кој Пекинг го смета за своја територија.

Говорејќи во парламентот по повод 15-годишнината од противсецесискиот закон, Ли Зуоченг, шеф на здружената команда и член на централниот генералштаб ја остави отворена вратата за употреба на сила.

Тој закон од 2005-та година има законска основа за воена акција против Тајван доколку се отцепи или има намера да го стори тоа. Во еден таков случај, тајванскиот остров би се претворил во воено поле, а тешко дека Тајван би можеле да се одбранат против Кина.


„Ако мирното обединување не биде возможно, вооружените сили заедно со целата нација, вклучувајќи ги и жителите на Тајван, ќе ги преземат сите мерки одлучно да ги уништат сите сепаратистички планови или потези“, изјави Ли.

Иако Кина никогаш не ја исклучи можноста за употреба на сила за да го врати Тајван под своја контрола, вистинска реткост е некој висок активен воен функционер отворено да упати вакви закани.


Инаку, генералот Ли е еден од неколкуте високи функционери во кинеската армија со борбено искуство кое го стекна во кинеската инвазија на Виетнам во 1979-та година.

Изјавата на Ли е посебно чувствителна откако Кина го донесе новиот закон за национална безбедност на Хонг Конг. Тајван за Кина е исто така чувствителна тема – Пекинг тврди дека станува збор за кинеска провинција и ја осудува американската поддршка за овој остров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг