Ова е полицаецот кој го притисна вратот на Флојд: Против него биле поднесени дури 18 пријави

Точка

29/05/2020

20:09

5.239

Големина на фонт

а а а

Поранешниот полицаец Дерек Чувин, одговорен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд имал 18 пријави поднесени против него, откри полициската управа на Минеаполис.

Проблематичниот, сега веќе поранешен полицаец, обвинет е заедно со уште тројца полицајци кои беа присутни. Да потсетиме, Џорџ Флојд беше убиен при апсење од страна на полицијата, а неговата средба со полицајците беше снимена од случаен минувач.

На снимката може да се види како Флојд лежи на асфалтот, додека неговиот врат е притиснат од коленото на полицаецот Чувин. Се започнало откако сопственик на продавница се јавил во полиција тврдејќи дека Флојд платил со лажна банкнота од 20 долари.

Меѓу полицајците бил и Тоу Тао против кого во минатото биле поднесени шест пријави, а една и натаму е отворена.

Во 2017-та година, Ламар Фергусон поднел тужба во која тврдел дека Тао и уште еден полицаец извршиле „сурово и необично“ апсење во 2014-та година. Според него, тие користеле „неверојатна сила која вклучувала удари, додека тој бил врзан со лисици“. Како резултат на тоа, Фергусон имал скршени заби и други потешки повреди.

Од градот Минеаполис му платиле на Фергусон 25 илјади долари како обесштетување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг