Гигс ја призна болната вистина: Ме боли да го кажам тоа, но…

Дерби

29/05/2020

11:32

1.348

Големина на фонт

а а а

Легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сегашен селектор на репрезентацијата на Велс, Рајан Гигс даде свој коментар откако беше одлучено сезоната во Премиер лигата да продолжи.

Гигс потврди дека Ливерпул ќе ја освои титулата и дека нема дилеми во тоа, но откри дека тоа него го боли многу како навивач на Манчестер Јунајтед.

Велшанецот истакна дека ги следи настапите на Ливерпул кој доминирал овие две сезони и посочи дека планира да воведе некоја од методите на Клоп во репрезентацијата на Велс.

– Мислам дека тоа што го видовме оваа сезона во Ливерпул покажува дека тие се одличен тим кој ги води прекрасен тренер како Јирген Клоп. Ме боли како навивач на Манчестер Јунајтед да го кажам тоа, но навистина имаа фантастична сезона.

– Сезоната продолжува и тие ќе ја освојат титулата која ја заслужија. Всушност, имаа две брилијантни сезони. Минатата година го притискаа Сити до последното коло, навистина се супер тим за гледање.

– Има неколку работи кои ги презедов од Ливерпул и сега сакам да ги вградам во играта на Велс, – изјави Гигс.

Сезоната во Премиер лигата продолжува на 17 јуни и истата треба да се комплетира до крајот на месец јули, но веќе по првите две- три кола по враќањето може да биде одлучен новиот шампион на Англија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг