Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

Макфакс

29/05/2020

09:39

916

Големина на фонт

а а а

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го донесе за Хонгконг, што ќе се одржи денеска, информираат дипломатски извори.

За оваа тема ќе се разговара на неофицијална видеоконференција зад затворени врати во формат кој ќе и` овозможи на секоја членка да расправа за разни прашања, на што Кина не може да се противи.

Пекинг завчера се противеше на барањето за официјална седница на Советот за безбедност на истата тема, која Вашингтон итно ја побара, нагласувајќи дека Хонгконг е внатрешно прашање на Кина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг