Посвоиле момче со аутизам, па го 'вратиле'! - не знаеле дека е со посебни потреби...

Точка

28/05/2020

20:44

5.537

Големина на фонт

а а а

Двајца Јутјубери пред две и пол години посвоиле момче од Кина, по име Хаксли. Меѓутоа, одлучиле да го 'вратат', бидејќи 'имало посебни потреби, а тие не биле свесни за тоа'.

Мика Стофер и нејзиниот сопруг Џејмс, посвоиле момче кое има аутизам, а во видеото под наслов 'Нови вести за нашето семејство', објасниле сè.

„Кога се работи за меѓународно посвојување, секогаш постојат некои непознати работи, кои не ги пишува во документите. Кога Хаксли пристигна во нашиот дом, имаше многу повеќе посебни потреби за кои не бевме свесни и кои никој не ги ни спомена“, рекол Џејмс.

„Во последните две години помина низ многу терапии. Се обидовме да ги задоволиме неговите потреби и да му помогнеме, бидејќи навистина го сакаме“, продолжил тој.

Како што објаснила Мика низ солзи, тие не откривале многу за состојбата на Хаксли на социјалните мрежи, за да го заштитат. Парот објаснил дека тој сега е во друго семејство, со мајка која е здравствен работник и каде што напредува одлично. Инаку, тие веќе имаат 4 деца.

Ова видео е прегледано повеќе од 400.000 пати. Додека едни биле бесни и оваа постапка ја споредиле со 'нешто што не би му се случило ниту на домашно милениче', други ги поддржале Мика и Џејмс, велејќи им дека сочувствуваат со нив и дека му посакуваат сè најдобро на Хаксли во новото семејство. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг