Точка ТВ: Како истражувачите го користат тутунот во борбата против коронавирусот?

Точка

29/05/2020

13:33

3.996

Големина на фонт

а а а

Дали тутунот би можел да помогне во борбата против Ковид-19? Се чини дека може. Научници во Шпанија ги спојуваат молекуларната технологија и земјоделството за да помогнат во создавањето вакцини и антитела.

Тим научници на институтот за молекуларна и клеточна биологија во Валенсија, користи најнови техники за да го смени геномот на nicotiana benthamiana или Бентамов тутун за да создаде уникатни молекули кои може да се користат во борба против болести.

Бентамовиот тутун природно расте во Австралија и се користи за производство на вакцини и антитела за вируси како еболата. Со вбризгување на генертски материјал во неговите листови, гените на растението може да бидат модифицирани за да се создаваат специфични фармацевтски производи во големи колични.

Многу експерти се надеваат дека оваа техника може да помогне во побрзото создавање на вакцина против Ковид-19. Според експертите, овој пристап има повеќе предности, меѓу кои и можноста да се произведуваат големи количини на потребниот протеин. Освен тоа, овој метод бара помалку финансии за да се спроведе и е безбеден.





Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk